Бр. на арт. 1000010709
Заштитните подлоги за еднократна употреба Bambo Nature се пријатни за кожата и можат да апсорбираат до 700 ml течност. Подлогите за кревет имаат запечатени рабови за оптимална заштита од истекување и се направени од материјал кој дише, што го намалува ризикот од иритирана кожа. Тие се меки, тенки и не содржат парфеми. Го одржуваат вашето бебе, лулка или кревет суви и се идеално решение за „ноќни несреќи“ кога бебето се одвикнува од пелени.
Совет: Поставете ја подлогата на бебешкиот душек дијагонално за да постигнете максимална покриеност. Можете исто така да ја користите подлогата за заштита на автомобилските седишта и многу повеќе.
Заштитни подлоги за кревет
/Default.aspx?ID=7526&productid=PROD100889
Големина: 80x90 cm
Подлоги во пакување: 7 kom
Подлогата е дерматолошки тестирана и е во согласност со стандардите FSC® (Forest Control Council).
FSC® (Forest Stewardship Council) е меѓународна невладина организација посветена на промовирање на одговорното управување со шумите ширум светот. Производите со сертификат FSC® се направени од суровини од добро управувани шуми и одговорни извори. Следливоста и интегритетот на ознаката се поддржани со строги контролни мерки, а со избирање на производи со сертификат FSC® помагате во грижата за шумите и луѓето и дивиот свет што живеат во нив.За повеќе информации, посетете www.fsc.org