Инконтиненцијата не е болест, туку симптом. Се дефинира како состојба во која лицето уринира или врши голема нужда неконтролирано до оној степен до кој таквата состојба негативно влијае врз социјалниот живот на таквото лице.
Уринарната инконтиненција значи губење на контролата на мочниот меур. Во некои случаи, уринарната инконтиненција се јавува како целосно испуштање на содржината на мочниот меур, а додека во други случаи, се испушта само мало количество урина.
Постојат голем број случаи на уринарна инконтиненција. Генерално, уринарната инконтиненција е предизвикана од физичко оштетување, старост, рак, инфекции итн. Некои состојби се времени, а додека други може да бидат трајни.
Горенаведеното е дадено само за пример! Доколку страдате од инконтиненција, секогаш побарајте соодветна дијагноза и третман од Вашиот матичен лекар.