02 2643 – 106
 

Нашите производи наменети за лица кои страдаат од инконтиненција се важен фактор во подобрувањето на квалитетот на животoт на крајните корисници. При користењето на производите за инконтиненција на „Abena“, крајниот корисник може да функционира нормално и да се чувствува удобно, без да се грижи дали ќе дојде до протекување. Нашите производни програми покриваат сè, почнувајќи од анатомски обликуваните влошки, влошки со појас и пелени-гаќички, па сè до повеќенаменски влошки наменети за млади и возрасни. Нашата  палета на производи е поделена според степенот на функционалност, што ни овозможува да произведуваме и да доставуваме производи и за уринарна, и за фекална инконтиненција, како и производи за инконтиненција специјално наменети за мажи, кои се дизајнирани да одговараат на машката анатомија. Експертите на „Abena“ тесно соработуваат со нашите тимови на медицински сестри и заедно развиваат широки палети на производи за инконтиненција кај возрасни кои може да се најдат на пазарот.