Пакувањето на подлогите за заштита на креветот е редизајнирано и има нов и модерен изглед. Внатре, ќе го најдете истиот мек и пријатен за кожата производ што го знаете и сакате.
Новиот дизајн има почист и лесен за декодирање распоред, што помага полесно да се разликуваат абсорпциите но нашите производи остануваат исти:
Како суштински дел од холистичкиот пристап кон здравствената заштита, подлогите за кревет за еднократна и повеќекратна употреба го подобруваат квалитетот на животот и го олеснуваат секојдневието на пациентите и здравствениот персонал насекаде во светот.
Abri-soft обезбедува дополнително чувство на сигурност и заштита за оние што се соочуваат со инконтиненција, за медицински процедури, за миење на неподвижни пацииенти во кревет и други третмани на нега во и околу креветот.
Подлогите ABENA Abri-Soft се палета на производи со еко-ознаки, произведени во производствениот капацитет на ABENA во Франција.
Нашиот силен фокус на набавка на најдобрите суровини од Европа исто така значи дека Abri-Soft има добиено неколку еко-ознаки од овластени агенции. Овие ознаки служат како ваша гаранција дека производите се безбедни за употреба дури и за најчувствителна кожа.
Преку рутинска контрола на квалитетот како и внатрешно тестирање на квалитетот, гарантираме дека ние секогаш ги испорачуваме истите висококвалитетни производи.
Дознајте повеќе за нашата палета на подлоги за еднократна и повеќекратна употреба на подлоги кои се перат.
За медицински, нестерилни процедури
Секојдневна безбедност и удобност
За оптимална хигиена и заштита
Заштита на столови и кревети за преглед
Идеална за нега на рани, примероци од крв и многу повеќе