Предмет на ова известување е интернет-страницата со назив: www.abena-helpi.si.
Целата содржина на тие интернет-страници е сопственост на претпријатието Абена-Хелпи ДОО (во продолжение: Абена-Хелпи) и е од информативна природа.
Интернет-страницата на Абена-Хелпи ја дизајниравме со цел да овозможиме општи информации за компанијата.
Достапноста до оваа интернет-страница и нејзината употреба се регулирани со овие општи услови и со соодветните закони. Абена-Хелпи го задржува правото без најава да ги промени или да ги дополни овие општи услови, затоа на корисниците им препорачува редовно да се информираат за потенцијалните измени и дополнувања, коишто ќе бидат објавени на оваа интернет-страница. Влезот во кој било дел на интернет-страницата на Абена-Хелпи значи дека се согласувате со сите ограничувања и услови коишто се тука наведени. Во случај со нив да не се согласувате, ве молиме да не ја посетувате оваа страница. Ви препорачуваме повремено да ја посетувате нашата страница и повторно да ги прегледате важечките услови на употреба кои се правно важечки.
Содржината на оваа интернет-страница е наменета само за информирање на посетителите и на корисниците, а во никој случај не претставува совет без разлика на тоа во каква врска или форма е претставена. Абена – Хелпи им препорачува на корисниците, во врска со евалуирањето на која било содржина од оваа интернет-страница, да се посоветуваат со соодветни стручњаци и сите информации и податоци коишто се објавени тука пред употреба да ги проверат кај вработените во Абена – Хелпи или кај други соодветни стручни лица.
Содржините објавени на оваа интернет-страница можат да содржат неточни информации или печатни грешки. Абена-Хелпи со сите сили ќе се труди да обезбеди најточни и најнови содржини на оваа интернет-страница, меѓутоа корисниците ги известува дека текстовите се од информативна природа и не гарантира и не презема никаква одговорност за нивната точност и за целосноста на страницата. Корисниците ги користат објавените содржини на сопствена одговорност. Абена-Хелпи го задржува правото да ја промени, додаде или да ја отстрани содржината на оваа интернет-страница.
Ниту Абена-Хелпи ниту кое било друго правно или физичко лице коешто учествувало при креирањето и при изработката на оваа интернет-страница, не е одговорно за привременото неработење на страницата или за евентуална неточност на информациите и за евентуална штета којашто настанала заради употребата на неточни или на нецелосни информации, и затоа не одговара за никакви штети или непријатности кои би произлегле од постоењето на интернет-страницата, достапноста, употребата или од неможноста за употреба на информациите на овие интернет-страници или за какви било грешки или пропусти во својата содржина, без разлика дали биле информирани за можноста за штета.
На интернет-страницата на Абена-Хелпи се наоѓаат и врски до други интернет-страници коишто на никаков начин не се поврзани со Абена-Хелпи. Абена-Хелпи не гарантира, не презема и не посредува при жалби во врска со точноста на содржините на која било интернет-страница за којашто нуди врска или референца и не презема никаква одговорност
за заштита на податоците на тие интернет-страници.
Оваа интернет-страница е интелектуална сопственост на претпријатието Абена-Хелпи. Сите информации, податоци, описи на услугите и останати содржини објавени на оваа интернет-страница, вклучително
со сите компјутерски програми коишто се на располагање на интернет-страницата, се предмет на авторска заштита според Законот за авторското право и сродните права. Корисниците не смеат да ги променуваат, копираат, дистрибуираат, пренесуваат, прикажуваат, објавуваат, продаваат, лиценцираат, трансформираат или на друг начин да употребуваат која било содржина која е достапна на оваа интернет-страница или преку неа за комерцијална или за јавна цел.
Можат да се употребуваат исклучиво за образовни или за некомерцијални цели, при што мора да се задржат и сите наведени предупредувања за авторските или за другите права и не смеат да се препишуваат, размножуваат или на друг начин да се рашируваат за комерцијална цел. На секоја репродукција (копирање,репродукција, објава, пренос), мора како извор да биде наведена компанијата Абена-Хелпи.
Абена-Хелпи си го задржува правото кога било, на кој било начин, делумно или целосно, да ги променува, додава или да ги отстранува содржините кои се објавени на оваа интернет-страница, без разлика на причината и без претходно предупредување. Сите корисници целата објавена содржина ја користат на сопствена одговорност.
Каква било употреба на овие содржини без писмена дозвола од сопственикот е забранета. Секое неовластено користење на овие содржини претставува кршење на авторските права или на другите права од интелектуалната сопственост. Трговските марки, логоата и брендовите за услугите кои се прикажани на интернет-страницата, се сопственост на Абена-Хелпи или на други лица.
Абена-Хелпи се обврзува дека трајно ќе ги штити личните податоци на корисниците на интернет-страницата според актуелниот Закон за заштита на личните податоци. Сите податоци кои се добиени преку интернет-страницата ќе бидат употребени исклучиво за испраќање информативни материјали, понуди, сметки и други потребни комуникации. Покрај тоа, ќе сториме сè за да ги заштитиме вашите лични податоци од какви било кршења и злоупотреби.
Корисниците се согласуваат дека за употребата на оваа интернет-страница и за толкувањето на општите услови, важи правото на Република Словенија. За сите евентуални спорови кои настанале со користење на оваа интернет-страница или коишто би биле на кој било начин поврзани со употреба на оваа интернет–страница, надлежен е судот во Љубљана со користење на правото на Република Словенија.