„Глобален договор“, иницијатива на ООН, е иницијатива за стратегиска политика за компании кои се посветени на спроведување на своите активности и стратегии почитувајќи ги човековите права, трудот, животната средина и борбата против корупцијата.
„Абена“ се придружи на оваа иницијатива која има за цел да му помогне на приватниот сектор во управувањето со сложени ризици и можности во поглед на еколошките, социјалните и управувачките прашања. Како дел од оваа иницијатива на ООН, „Абена“ работи според десет принципи кои се засноваат врз почитувањето на човековите права, трудот, животната средина и борбата против корупцијата.
Еднаш годишно „Абена“ составува извештај за напредокот со цел транспарентно да покажеме како го водиме нашиот бизнис и да ја прикажеме нашата отчетност. Овој извештај е јавно достапен и се објавува на веб-страницата на иницијативата „Глобален договор“.
Во „Абена“ ни е многу важно нашите партнери да ги следат истите стандарди кои ги следиме ние и токму поради тоа ги охрабруваме нашите добавувачи да работат согласно со десетте принципи на иницијативата „Глобален договор“!