Сите зборуваат за животната средина- но наша мисија е да се докажеме на дело. Голем број корпорации низ светот се дел од проблемот, а ние мора да бидеме дел од решението.
Го прифаќаме предизвикот и сме предмет на контроли од трета страна со цел да бидеме сигурни дека нашите дејства се во согласност со нашата реторика, со единствена цел вие да можете да соработувате со нас со чиста совест.
Според проценките на ЕУ, секоја година во Европа се фрлаат 3 милијарди тони отпад. Овој број и понатаму расте и според пресметките на ОЕЦД, доколку ништо не се преземе за решавање на проблемот, ова количество ќе се зголеми за 45% во 2020 година. [Извор: ОЕЦД]
Ние не сакаме „Абена“ да придонесе за таквата статистика. Сфаќаме дека секој производен погон може да влијае врз животната средина и токму поради тоа ги преземаме сите можни мерки на безбедност со цел нашиот отпад да се сведе на апсолутен минимум.Нашето производство во Данска рециклира 95% од целокупниот отпад кој се создава при производството на производи за инконтиненција и пелени за деца. Отпадот се состои од фолии со кои биле завиткани суровините и вишок ткаенина.
Отпадот кој го создава „Абена“ се собира и им се продава на компании кои вршат рециклирање, каде што пак се обработува во рамките на т.н. регенеративен животен циклус преку кој отпадот се претвора во суровини што може одново да се користат. Сето тоа ни овозможува отпадот да го третираме на еколошки начин, што, пак, ја намалува експлоатацијата на природните ресурси.