„Абена“ е првиот и единствен производител на хигиенски влошки за инконтиненција кој ги исполнува еколошките стандарди „Нордиски лебед“ .
Еколошките стандарди „Нордиски лебед“ претставуваат систем на еколошки стандарди кои придонесуваат за одржлива потрошувачка и производство.
Добивањето одобрение за користење етикета за почитување еколошки стандарди „Нордиски лебед“ е долг процес кој налага огромно количество документација. Барањата за производите кои ја носат оваа етикета се многу високи и се врши проверка и анализа на начинот на кој ги произведуваме нашите производи, па сè до нивниот состав.
Еден од критериумите за еден производ за инконтиненција да добие право да ја користи етикетата за почитување еколошки стандарди „Нордиски лебед“ е 50% од суровините да се добиваат од обновливи материјали. Во „Абена“ се трудиме да го достигнеме овој критериум и токму затоа можеме да кажеме дека сме првиот производител на производи за инконтиненција кој е сертифициран според еколошките стандарди „Нордиски лебед“!
Покрај тоа, продаваме производи за нега на кожата и бањање кои ги набавуваме од други производители кои се исто така сертифицирани според еколошките стандарди „Нордиски лебед“. Тоа е индикација за нашите заложби за наоѓање локални добавувачи во светот кои работат според истите високи стандарди како и „Абена“.