Навистина е возбудливо да се работи во „Абена“! Од Вас очекуваме многу, но за возврат ќе добиете можност за развивање на Вашите вештини во позитивна работна средина и со талентирани колеги.
Нашите соработници сметаат дека работната средина во „Абена“ е инспиративна и разновидна. Работењето во „Абена“ мора да биде забавно и да претставува предизвик за секој соработник, но никако стресно. Работниот ден во нашата компанија се карактеризира со флексибилност, брзо темпо на работа и соработка со одлични колеги, кои ги вреднуваат напорите што ги вложуваат другите. Во „Абена“ соработниците зборуваат отворено меѓу себе, а и со менаџментот. Нашата компанија се карактеризира со хоризонтална организациска структура, ведра и позитивна комуникација и почит кон нашите поединечни сфери на работа. Сите се подготвени да ги засукаат ракавите и да помогнат доколку е потребно, без оглед на работното место.
„Абена“ постојано работи на подобрување на личното здравје, на добросостојбата и креативноста на сите наши соработници. Поради тоа ги охрабруваме нашите соработници да се вклучат во корпоративните спортски активности, вежбалницата на компанијата, здравственото осигурување и нашиот клуб за активен начин на живот. Исто така, ангажираме и физиотерапевт чија работа е да ги преземе сите потребни мерки на претпазливост за спречување на вообичаените канцелариски повреди и болести.
Нашите соработници се целосно одговорни за својата работа и директно влијаат врз целокупниот успех на компанијата. Негуваме неформална корпоративна култура, што на соработниците им овозможува да преземаат сè поголем број одговорности и да ги искористат своите способности. Во „Абена“ секогаш постои простор за независност и можност да се проба нешто ново.
„Абена“ Ви нуди доживотен професионален развој кој се фокусира на Вашето работно место и на Вашите квалификации. Компанијата рутински организира семинари за обука на нашите соработници со цел нашите колеги да располагаат со потребните квалификации за работа. Ги охрабруваме нашите соработници постојано да ги подобруваат своите поединечни основни вештини и способноста за работа на работни места кои вклучуваат соработка со неколку различни оддели.
Голем број од нашите соработници остануваат да работат во „Абена“ со години, а ние го цениме и го поддржуваме индивидуалниот развој на работното место. Исто така, отворени сме за консолидирање на организациските улоги доколку нашите соработници имаат желба да се обидат во некоја нова деловна област.
Секогаш ни се потребни соработници со разновидно образование, квалификации и вештини. „Абена“ е голема корпорација, што значи дека нашите соработници исполнуваат широк опсег на разновидни улоги. Поради тоа, секогаш ни се потребни талентирани одговорни колеги кои би работеле на различни позиции во рамки на сите наши оддели, кои опфаќаат услуги за клиенти и иновација, па сè до администрација, логистика и продажба.
Дали сте нашиот нов колега? Пратете ни ја Вашата апликација!