Производниот погон на „Абена“ во Данска работи нон-стоп, односно, 24 часа на ден, 7 дена во неделата и 365 дена во годината.
Нашето производство, кое се одвива нон-стоп, ни овозможува да произведеме големи количества висококвалитетни влошки за инконтиненција и пелени за деца со цел да одржиме чекор со сè поголемата побарувачка. Најсовремениот производен погон на „Абена“ произведува во просек помеѓу 300 и 800 влошки за инконтиненција и пелени за деца во минута. Тоа значи дека во „Абена“ се произведуваат приближно 4 милиони висококвалитетни влошки на ден.
Фактот дека располагаме со свој производен погон е предност за нашите клиенти:
Покрај нашиот производен погон во Данска, „Абена“ располага со сопствени производни погони и во нашите подружници во Шведска и во Франција кои придонесуваат кон нашата палета на впивливи производи.
,,Finess Hygiene AB” - Шведска е дел од групацијата „Абена“ од 1999 година. Шведската подружница е одговорна за нашето производство на заштитни креветски чаршави „Абри-Бед“ кои се користат на кревети и маси за прегледи, операциони маси, амбуланти и слично.
„Finess Hygiene AB” исто така произведува и лигавчиња за возрасни за еднократна употреба кои се достапни со и без џеб.
Овие заштитни лигавчиња се дизајнирани за хигиенска заштита и впивање во текот на оброкот.
Покрај тоа, „Finess Hygiene AB” произведува марамчиња за еднократна употреба од неткаен „ерлејд“ и платнени марамчиња за еднократна употреба наменети за нега на пациенти, за миење и сушење.
Нашата подружница во Франција стана дел од групацијата „Абена“ во 1992 година, меѓутоа компанијата произведува впивливи заштитнии подлоги за групацијата „Абена“ уште од 1984 година.
„Abena Frantex”- Франција е одговорна за нашето производство на заштитни подлоги кои од задната страна имаат слој на полиетилен, целулозни влакна, супер впивлив материјал (SAP) и неткаена површина.
Заштитните подлоги „Абри-Софт“ се користат за заштита на кревети во случаи на инконтиненција во домови за стари лица и болници и како подлога на маси и столови на кои се вршат прегледи итн.
Како и во случајот со нашите производи во Данска, при производството на производите на „Абена“ нашите подружници користат само најдобри, висококвалитетни суровини. Покрај тоа, „Finess Hygiene” и „Abena Frantex “ се опремени со високотехнолошки, најмодерни производни технологии кои овозможуваат еднакво висок квалитет на сите производи произведени од „Абена“!