Знаеме дека нашите производи се меѓу најдобрите во светот. Но исто така сме свесни дека тоа не е соодветна основа врз која се одбира долгорочен деловен партнер. Постојат голем број фактори кои придонесуваат за тоа квалитетот на даден производ да падне на второ место по важност.
Доколку доцните со испораките, обично се „давите“ во администрација поради недостиг на потребните документи или доколку клиентите ви го свртат грбот поради несоодветни работни услови или големи емисии на јаглерод диоксид, во тој случај квалитетот на производите веќе не е важен. Токму поради тоа се сметаме за компанија која е ориентирана кон решенија и за партнер кој нуди целосна услуга, а не само за традицонален добавувач, и токму затоа се трудиме да бидеме експерти во однос на сето она што ги опкружува нашите производи!
Кога соработувате со „Абена“, Вашите потреби се секогаш во нашиот фокус. Нашиот уникатен пристап кон потребите на клиентите значи дека ние не вршиме едноставна достава на производи, туку нудиме и сеопфатен опсег на услуги кои ги опфаќаат нашите асортимани.
Ваквиот пристап е карактеристичен за нашиот синџир на набавки, почнувајќи од развојот на нови производи, па сè до производството, складирањето, транспортот и користењето, а исто така опфаќа и мерки како што се контрола на снабдувањето со материјали, оптимизација на логистиката, документирање и помош за партнерите.
Покрај тоа, секогаш се трудиме да го земеме предвид и Вашето мислење при ажурирањето или развојот на производи и на палети на производи и вршиме приспособување на производите, на пакувањето и на постапките со цел исполнување на Вашите потреби и постигнување подобри резултати. Токму поради тоа секогаш можете да се потпрете на нашите решенија затоа што тие се соодветни за Вашиот бизнис.
Ние веруваме дека значителен дел од вредноста на еден производ зависи од тоа како се користи. Токму затоа се трудиме да обезбедиме детална документација за секој производ и исто така нудиме компетентно разменување мислења и советување во рамките на сите области на нашите производи.
Можете да бидете сигурни дека производите кои ги купувате од „Абена“ се во согласност со сите законски барања и нашите искусни експерти се секогаш отворени и подготвени да Ве информираат за најновиот развој во рамките на нивните области на стручност. На тој начин ќе Ви биде полесно фокусот да го насочите кон Вашиот бизнис и да не се грижите за сертификати, за влијанието врз животната средина и стандардите за безбедност итн.
Сите трговски активности имаат одредено влијание врз животната средина. Поради тоа детално го разгледуваме секој аспект на нашиот бизнис за да ги преземеме сите потребни мерки на претпазливост со цел намалување на таквото влијание.
Сериозни сме во врска со климата. Токму поради тоа се трудиме на нашите клиенти да им олесниме и да ги зајакнеме нивните зелени профили со набавка на алтернативни еколошки решенија. Со цел да се покажеме на дело, нашите производни погони и добавувачите се подложени на детални проверки од внатрешни и надворешни тела за да можеме да гарантираме дека работиме во согласност со нашите тврдења.
„Абена“ е сертифицирана според стандардот за еколошко управување ИСО 14001 и системот за управување со квалитет ИСО 9001, партнери сме на „Глобалниот договор“, иницијатива на ООН, и соработуваме со голем број организации кои вршат сертифицирање во областа на здравството и животната средина, како што е етикетата за почитување еколошки стандарди „Нордиски лебед“, еколошката етикета на ЕУ, Советот за стопанисување со шуми (FSC), еколошката етикета „Син ангел“, етикетата „Оеко-Текс“ и многу други.
Доколку изберете „Абена“ да биде Ваш партнер, автоматски вложувате напори да ја заштитите животната средина - а тие напори можете да ги документирате!