Дистрибуцијата на производите на „Абена“ се врши од нашиот модерен и високотехнолошки дистрибутивен центар во Обенро, кој има капацитет од 44.000 палети.
Покрај складот во кој се чуваат палети за продажба на големо, располагаме и со склад за спакувана стока, со капацитет од 40.000 кутии.
Дневно добиваме повеќе од 2.800 нарачки и испорачуваме околу 30 камиони со стока на данскиот пазар и 40-50 камиони со стока наменета за странски пазари, како и значително количество поштенски пратки. Најголем дел од нарачките вообичеано се испраќаат во рок од 24 часа по приемот на нарачката.
Производите се складираат автоматски со помош на подвижна лента и кранови, кои складираат стока на висина од 26 метри. Компјутерскиот систем одлучува каде ќе се складираат дадени производи со цел оптимално искористување на нашите капацитети.
„Абена“ располага со околу 23.000 броеви на артикли и испорачува разновидни нарачки, од цели палети до поединечни единици. Работиме со автоматизиран систем за сортирање со 60 канали за вертикално складирање, преку кои стоката автоматски се сортира за различните нарачки. Капацитетот на системот е 2.000 кутии на час и до 400 нарачки дневно.
Производите наменети за здравствени установи и старечки домови се складираат и се пакуваат во засебна стерилна просторија, каде што смее да влегува само обучен персонал .
Производите се пренесуваат преку 10 поединечно мониторирани вертикални лифтови, во кои има по една чиста соба со контролирана температура.
„Абена“ располага и со склад во кој се врши рачно складирање од отворени кутии што содржат ограничен асортиман на производи, од кои нашите клиенти може да нарачуваат мали количества, помалку од она што го содржи целосна кутија производи.
Можеме да ракуваме со стоки кои се класифицирани како опасни и нашите складишта, погони за пакување и транспортот се организирани според важечките правила.