„Абена“ е европски производител на производи за инконтиненција, меѓутоа исто така снабдуваме голем број разновидни производи за нега и трговски производи на глобално ниво.
Сите оддели во рамките на групацијата „Абена“ работат неуморно со цел обезбедување постојан висок квалитет на сите производи.
СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО
- За нашето производство на производи за инконтиненција и пелени за деца ги избираме најдобрите суровини.
- Користиме целулозни влакна од шуми сертифицирани од страна на Советот за стопанисување со шуми (FSC), каде што бројот на насадени дрвја е поголем од оној на исечени.
- Ние сме првиот производител на влошки за инконтиненција кој е сертифициран со eтикетата за почитување еколошки стандарди „Нордиски лебед“.
- Нашата лабораторија постојано врши тестирање на впивливоста, трајноста, јачината и квалитетот на нашите производи.
- Нашето стручно знаење ни овозможува да бидеме иновативни и да развиваме нови и постојни производи.
ГЛОБАЛНИ ИЗВОРИ НА СУРОВИНИ
- Темелно ги пребаруваме локалните пазари со цел да најдеме солидни и сигурни производители.
- Производите кои ги набавуваме глобално постојано се тестираат и се контролираат.
- Најголем дел од производите можат според својата квалификација да бидат сертифицирани со етикетата за почитување еколошки стандарди „Нордиски лебед“.
- Нашиот локален персонал спроведува ревизии на квалитет во секој локален производен погон.
- Нудиме целосна документација за сите наши производи.