„Абена“ првично почнала како мал снабдувач со скромен асортиман на производи. Денес „Абена“ е кооперативен партнер кој се фокусира на своите клиенти, работи на развивање, производство и продажба на квалитетни производи во голем број области.
Групацијата „Абена“ е основана во 1953 година, кога Јенс Терп-Нилсен ја основал компанијата „Саеко А/С“ во Обенро, во Јужна Данска. Главната дејност на компанијата била продажба на јутени вреќи за земјоделството. „Саеко А/С“ прерасна во трговско друштво и во 1980 година почнавме со сопствено производство на детски пелени и хигиенски влошки под брендот „Бамбо“. Во 80-тите компанијата почна со извоз на своето производство во други земји, а денес нашите призводи ги извезуваме во повеќе од 55 пазари во светот.
Во 2003 година компанијата го промени називот во „Абена“ и денес вработуваме повеќе од 1.500 лица насекаде во светот, нудејќи не само широк асортиман на производи за хигиена, туку исто така и пластични и хартиени производи, како и системи за отпад, материјали за пакување итн.
Групацијата „Абена“ има подружници во Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Германија, Холандија, Франција, Обединетото Кралство, Полска, САД, Исланд, Кина, Виетнам и во Русија. Овој список постојано се проширува со нови земји, поради тоа што го прошируваме нашето глобално присуство. Покрај тоа, „Абена“ има голем број дистрибутери во Африка, Северна и Јужна Америка, Азија, Австралија и Нов Зеланд, како и во неколку европски земји.
„Абена“ е семејна групација со силна и инспиративна корпоративна култура во која етиката, животната средина и добрата деловна способност се од суштинска важност.
Со цел да се обележи 50-годишницата од основањето на групацијата, во 2003 година најголем дел од нашите подружници го променија своето име во „Абена“ и усвоија заедничко лого.