Синото лого на „Аbena“ се наоѓа на производи кои се специјално развиени од или за „Аbena“. Логото е знак за квалитет и е Ваша гаранција дека стоиме зад квалитетот на секој производ кој го продаваме, како и зад начинот на кој е произведен.
Зелениот лист е важен симбол во контекстот на целокупниот пристап на групацијата „Аbena“ кон бизнисот и претставува почитување на животната средина во сите наши активности.
Изберете ги детските пелени „Bambo Nature“ доколку се грижите за животната средина, истовремено инсистирајќи на највисок квалитет, сигурност и удобност за Вашите најсакани.
„Finess Hygiene “ на „Аbena“ се занимава со развој, производство и продажба на широк дијапазон хигиенски производи за еднократна употреба.
Брендот „ECO“ ги симболизира посветените напори на „Аbena“ во сите области со цел максимално почитување и заштита на животната средина.
„Abri-Form“ е комплетна палета на повеќенаменска долна облека за умерена до тешка инконтиненција.
Палетата на производи „Аbri-San“ нуди анатомски хигиенски влошки за сите степени на инконтиненција.
Производите за инконтиненција „Аbri-Flex“ може да се носат како обична долна облека, подобрувајќи го чувството на слобода и достоинство.
„Аbri-Man“ се производи за инконтиненција кои се специјално дизајнирани со цел мажите да водат нормален и активен живот.
„Аbri-Wing“ се повеќенаменски производи за инконтиненција кои имаат уникатен дизајн, поради што се добро решение за повеќе видови корисници и ситуации.
Асортиманот на „Аbri-Fix“ се состои од различни типови производи за фиксирање кои овозможуваат оптимална контрола на протекувањето при користењето хигиенски влошки во различни облици. Нашата линија на производи се состои од долна облека за еднократна употреба и долна облека која се пере.
Заштитните подлоги „Аbri-Soft“ се идеални за дополнителна заштита на кревети и столови во текот на различни постапки, како што се ставање гипс, третирање рани или менување на пациенти итн.
Производите „Аbri-Cell“ на „Аbena“ се заштитни подлоги за еднократна употреба изработени од слоеви ткаенина, дизајнирани за различни постапки, како што се заштита на кревет од протекување, менување на пациенти или третирање рани итн.
Асортиманот на „Аbri-Bed“ на „Аbena“ се состои од чаршави во различни големини кои се користат за заштита на кревети од протекување.
„Abri Form Junior“ се уникатни производи кои претставуваат премин од најголемите пелени за деца на пазарот кон најмалите пелени наменети за возрасни.