Основана во 1953 година, „Абена“ е данска семејна компанија која се занимава со производство и продажба на големо на решенија за нега и слични производи, со седиште во Обенро во Јужна Данска. Групацијата „Абена“, која има свои подружници во голем број земји, снабдува повеќе од 25.000 производи и работи во повеќе од 60 земји насекаде низ светот.
Нашиот асортиман на производи се концентрира, главно, на решенија за инконтиненција и здравствена нега, меѓутоа вклучува и голем број сродни производи, како што се потрошни материјали, заштитна облека, ракавици, управување со отпад, садови и прибори за јадење за еднократна употреба, хартија и материјали за чистење. Наши клиенти се домови за стари лица, болници, клиники за инконтиненција, лекарски ординации, потрошувачи и голем број компании кои работат во различни сродни индустрии.
Во „Абена“ се гордееме со тоа на нашите клиенти да им понудиме голем опсег висококвалитетни производи кои се меѓу најдобрите на пазарот, истовремено грижејќи се за животната средина и спроведувајќи ги сите барања поврзани со документирање, транспарентност и стручно логистичко управување. На тој начин нашите клиенти не мора да се фокусираат на законодавството, превозот и влијанието врз животната средина, туку на она во што се најдобри. Кога соработувате со „Абена“, Вие, всушност, работите со компетентен тим луѓе кои имаат исклучително искуство во нудење решенија „по мерка“ со цел исполнување на Вашите специфични и поединечни потреби. Веруваме во долгорочни партнерства и благодарение на нашата заложба за иновација, ефикасност, чесност, отвореност и лојалност, правиме сè што е во наша моќ да ја добиеме Вашата доверба.
СЕ СТРЕМИМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ПОДОБРИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВО „АБЕНА-ХЕЛПИ“ СКОПЈЕ
Нашата мисија се состои во тоа да Ви го олесниме животот преку нудење комплетни решенија кои ќе Ви помогнат да ги надминете реалните предизвици со кои се соочувате. Се стремиме кон надминување на очекувањата - во поглед на производите, како и на услугите и поддршката која ја нудиме - со единствена цел да Ви помогнеме да бидете извонредни во Вашата работа.
Синиот бренд на „Абена“ треба да се смета за знак на квалитет, кој претставува гаранција дека стоиме зад секој производ што го доставуваме, како и зад начинот на кој ги произведуваме и ги продаваме нашите производи. Брендот е симбол за суштинските вредности врз кои се заснова нашата компанија и секојдневните работни процеси. Овие вредности, транспарентност, флексибилност, општествена одговорност и добра деловна етика, се карактеристични за нашата корпоративна култура и се основа на сите наши активности. За Вас тоа значи дека секогаш можете да се потпрете на „Абена“ како одговорен, приспособлив и професионален партнер кој секогаш води грижа за сè, за Ваше целосно задоволство, што е наша крајна цел.
Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Вас!
Претставништво „Абена-Хелпи“ Скопје е основано во 2015. Претставништвото е дел од компанијата Абена -Хелпи, подружница на Данската компанија Абена Холдинг. Ова партнерство овозможува подобро и поефикасно работење и зацврстување на брендот Abena на македонскиот пазар.Низ постојан развој, Abena-Helpi ги проширува хоризонтите во однос на нови производи и пазари. Фокусот на овој развој е врз дефинирањето на односите помеѓу потребите и барањата на нашите клиенти и експлоатација на ресурсите и притисоците врз животната средина. На овој начин, допринесуваме кон изнаоѓање на нови решениа кое ќе водат кон нови и иновативни производи. Со едукација на вработените, кои имаат добра комуникација со купувачите, оптимизирање на логистиката, и навремена достава, постигнуваме високо ниво на поддршка на нашите клиенти. Ние ги користиме овие информации за да продолжиме со нашата квалитетна работа.Дали сакате да соработувате со компанија чија визија е да им обезбеди на своите клиенти највисок можен квалитет по разумна цена и на овој начин да им помогне да живеат квалитетен живот и покрај нивните медицински проблеми? Заинтересирани сте да постанете наш партнер? Ние ви нудиме еден етаблиран бренд, одлична професионална поддршка, и цврсти деловни односи. За барања за соработка, дополнителни информации или нарачки, Ве молиме контактирајте со нас на телефон +389 (2) 2643 - 106 или на e-mail на infomk@abena-helpi.si. Можете да не исконтактирате и преку нашите продажни претставници во реонот или во големопродажбата. За да ги купите нашите производи, посетете ги аптеките во Македонија. За повеќе информации, новини за нашите производи, било какви промени, или се што може да ве интересира, посетете го нашиот веб-сајт на www.abena.mk. Ние сакаме да соработуваме со сигурни партнери кои сакаат да им понудат на своите клиенти производи со највисок квалитет по конкурентни цени!