Производната програма на ракавици на „Abena“ вклучува голем број на различни видови заштитни, медицински и хируршки ракавици изработени од латекс, винил и нитрил
Медицинските ракавици се користат пред се за заштитни и хигиенски цели во здравствениот сектор (болници, клиники и домови за стари лица) и поради тоа се произведуваат согласно сите задолжителни европски стандарди, како што е EN 455.
Нашите медицински ракавици се достапни како:
Заштитните ракавици се поделени во различни групи на ракавици за еднократна употреба кои се користат во домаќинството и кои може да се користат за заштита во ситуации кои носат минимален ризик или за специфични потреби во лаборатории или во дејности поврзани со чистење.
Производната програма на ракавици на „Abena“ вклучува и ракавици од нитрил кои се користат во прехранбената индустрија и специјализирани сегменти, како што се фризерските студија и студијата за тетовирање.